Сите деца кои ќе го достигнат ограничувањето од 1 час ќе треба да внесат шифра за пристап.
По масовните забрани за неговата примена од голем број институции ширум светот, TikTok воведува дневен лимит за малолетните корисници и Портпаролите на социјалната мрежа најавија ограничување од 60 минути дневно за сите корисници на возраст под 18 години. Според новата мерка, сите деца кои ќе го достигнат ограничувањето од 1 час ќе мора да внесат шифра за пристап за да продолжат да гледаат видеа.
TikTok ја бранеше одлуката со образложение дека ограничувањето има за цел да ги поттикне тинејџерите да го контролираат времето поминато пред екраните, информира НОВА.
Сепак, експертите коментираат дека причината за овој потег е широкото незадоволство од државните влади и институции кои ја забранија употребата на TikTok на официјални уреди. Меѓу нив беа Европската комисија, а потоа Европскиот парламент, владата на САД, Канада, Данска и други. Причината беше сериозна загриженост за истекување на лични податоци, како и доверливи информации. Пекинг постојано ги негираше обвинувањата, велејќи дека тоа е „ намерно оцрнување “. Во изминатиот месец, социјалната мрежа се соочи со силен притисок од Вашингтон, кој дури се закани дека ќе ја забрани апликацијата целосно.