Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се веќе во коалиција?!

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се веќе во коалиција?!

Секоја албанска партија во овој момент би посакала да биде критикувана од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа носи поени кај албанските гласачи. Ова синоќа во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21 го изјави претседателот на партијата Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

„Начинот на кој се однесува ВМРО-ДПМНЕ со реториката против ДУИ, личи на координација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ го критикува ДУИ, само го крева рејтингот на ДУИ кај Албанците. Да бидам искрен жалам што не не критикуваат нас, Алијанса за Албанците, затоа што во ова време да ве критикува ВМРО-ДПМНЕ, кај Албанците се добива на рејтинг. Така настапувале ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ секогаш пред избори и имаат некоја врска меѓу себе.

Тој откри дека на оваа тема раззговарал и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Му реков на Али Ахмети дека се сомневам дека имаат координација со ВМРО-ДПМНЕ. Тој го негира тоа. Па сигурно, не би кажале јавно дека имаат координација“, вели Таравари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни