Македонија

Ахмети ќе оди кај Агелер по објаснување за одлуката за Мерко

Ахмети ќе оди кај Агелер по објаснување за одлуката за Мерко

Откако Рамиз Мерко беше прогласен за „нон грата“, се отвори темата за можни предвремени избори за градоначалник на Струга.

Агелер: Има листа на имиња, за Мерко има цврсти докази дека е дел од корупција, сега на потег е Владата и обвинителството

Во ДУИ, партијата која го водеше Меркон во три мандати, велат дека се шокирани од одлуката на Стејт департментот, но ја почитуваат и ќе ја анализираат во наредните денови. Во изјава за Лидери.мк, високи извори во ДУИ велат дека во наредните денови се очекува средба на градоначалникот Ахмети со американскиот амбасадор или заменик амбасадор во Скопје. По тој состанок Ахмети ќе одлучи дали ќе бара оставка од Мерко од градоначалник и нови избори во Струга или не“, велат од ДУИ за порталот Лидери.мк.

Рамиз Мерко ставен на црната листа на САД, бил дел од значајна корупција, а се мешал и во судски одлуки

Додаваат дека во случај Ахмети да побара оставка од Мерко, а овој одбие, постои можност и официјално да биде исклучен од партијата. Во тој случај може да го продолжи мандатот како лидер на партијата“, велат од ДУИ, појаснувајќи дека немаат правен механизам да го принудат Мерко да поднесе оставка, доколку одбие. Локалните избори во Струга, како и во цела држава, ќе се одржат во 2021 година.

Кој е Рамиз Мерко? Во Струга го викаат Ангела Меркел, има 4 кривични пријави, се вози во „Ауди А6“, бидејќи за новата „Шкода“ вели „не е тоа тоа“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни