Македонија

Битолската полиција го уапси Р.Р кој избегал од затвор, а бил осуден на 16 години

Битолската полиција го уапси Р.Р кој избегал од затвор, а бил осуден на 16 години

Денеска ( 21.06.2023) криминалистичката полиција при СВР Битола по распишана централна потерница од слобода го лиши Р. Р.(60) од  с. Маково, општина Новаци, кој бил баран поради бегство од КПУ Затвор Прилеп.

Р.Р.  е осуден на 16 години и 4 месеци за кривично дело “убиство” по чл. 123 од КЗ, а за  доиздржување има 9 години и 7 месеци. Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни