Здравје

Дали забите се мијат пред или после утринското кафе, стоматолозите го имаат одговорот

Дали забите се мијат пред или после утринското кафе, стоматолозите го имаат одговорот

Сите ние имаме свои утрински ритуали, а за повеќето, првото утринско кафе дома е задолжително. А дали знаете дека може да му наштети на вашето здравје?

Добро е познато дека кафето остава дамки на забите, а неговата киселост може да ја оштети забната глеѓ.

Затоа миењето заби е многу важно за да се спречат последиците од пиењето кафе. Сепак, постои голема шанса да ги миете забите по сосема погрешен редослед.

Пред или после кафето, прашање е сега?

Ако ги четкате забите пред да пиете кафе, го отстранувате плакот и го отежнувате создавањето на дамката, вели Кристина Мајнерс, стоматолог во „CommuCare“, непрофитна здравствена установа во Сан Антонио.

– Ако забите ви се убави и чисти, помали се шансите кафето да се залепи на нив – објасни таа.

Ако претпоставувавте дека миењето заби веднаш по пиењето кафе е добро за одржување на чистотата, се лажете. Може дури и да ги влоши работите. Бидејќи кафето е кисело, четкањето на забите веднаш по кафето ќе ја ослабе вашата глеѓ. Односно надворешниот слој на забите кој ги штити од физичко и хемиско оштетување.

Мајнерс откри и како изгледа нејзината утринска рутина, која треба да ја копирате.

Прво ги мие забите, потоа пие кафе и на крајот ја плакне устата со обична вода за да го неутрализира нивото на киселост во устата, пишува „HuffPost“.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни