Здравје

Кратката дневна физичка активност го намалува ризикот од рана смрт

Кратката дневна физичка активност го намалува ризикот од рана смрт

Кратката, умерена физичка активност како брзо одење, танцување, аеробик на вода или градинарство секој ден може да го намали ризикот од рана смрт, срцеви заболувања и рак во споредба со без вежбање, пишува Дејли Меил.

Тим од Универзитетот во Кембриџ тврди дека десет проценти од раните смртни случаи може да се избегнат со 75 минути умерено вежбање неделно.

Експертите анализирале 196 научни статии за здравствените придобивки од вежбањето за повеќе од 30 милиони возрасни лица. Ризикот од рана смрт, кардиоваскуларни болести и рак се намалува колку повеќе човек вежба – до 2,5 часа неделно. Повеќето оптоварување дава само мали дополнителни придобивки.

Британските здравствени власти препорачуваат најмалку 2,5 часа умерена или 75 минути енергична физичка активност секоја недела.

Сорен Браге, еден од авторите на студијата, објавена во Британскиот журнал за спортска медицина, рече: „Ако сте некој кој смета дека идејата за 2,5 часа активност неделно е застрашувачка, нашите резултати треба да бидат добри вести“.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни