Свет

ПОЧИНА МАЈКЛ ПАРКИНСОН! Еден од најпознатите водители во историјата не напушти на 88 години!

ПОЧИНА МАЈКЛ ПАРКИНСОН! Еден од најпознатите водители во историјата не напушти на 88 години!

Мајкл Паркинсон, еден од најпознатите водители во историјата, почина на 88-годишна возраст.

Мајкл Паркинсон беше познат не само во Британија, туку и ширум светот, по неговите интервјуа со Мухамед Али, Џон Ленон, Елтон Џон, Мадона, Орсон Велс и други познати личности.

Неговата телевизиска кариера траеше седум децении.

„По кратко боледување, Сер Мајкл Паркинсон почина мирно дома синоќа опкружен со своето семејство“, се вели во соопштението на семејството, во кое се бара приватност.

Тој беше англиски ТВ водител, новинар и автор. Ќе остане познат по неговото шоу „Паркинсон“, кое го водеше од 1971 до 1982 година и од 1998 до 2007 година, како и многу други програми. Работел и на радио, а „Гардијан“ еднаш го опишал како „најдобриот британски водител“.

Тој ги постави стандардите за телевизиски ток-шоуа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни