Најмалку девет лица загинаа во пад на мал авион во Малезија, соопшти денеска локалната полиција.
Од полицијата додаваат дека се верува дека загинале сите патници, а неофицијално се говори дека се пронајдени девет тела.
Од цивилната авијација соопштија дека во авионот имало шест патници и двајца членови на екипажот.
Медиумите објавија дека авионот кој летал од островот Лангкави за Селангор се урнал на автопатот и експлодирал при удар.
Повеќе детали за инцидентот се очекува да бидат објавени денеска по конференцијата со министерот за транспорт Ентони Локе.