Герардина Корсано (48) од градот Авелино, во Италија, починала во болницата „Аријано Ирпино“ откако јадела пица во ресторан, додека лекарите се борат за животот на нејзиниот сопруг Анџело Менино (52).
Според локалните медиуми, тие во саботата навечер отишле на вечера во блискиот ресторан, а еден ден подоцна се чувствувале лошо.
– Имаа главоболки, силни болки во стомакот и повраќаа. Со грчеви биле пренесени во болница. И покрај обидите за реанимација, жената починала, додека нејзиниот сопруг е во тешка состојба. Тој бил пренесен во болница во Неапол. На пицата испиле луто масло – вели извор на италијанските медиуми.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, истрагата утврдила дека сопружниците најверојатно биле затруени со ботулин, кој спаѓа во групата на најсилните отрови, кој паралитичкиот ефект го постигнува со брзо и неповратно блокирање на невромускулниот пренос.