Свет

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗОШТО ТАТКОТО КИДНАПИРАЛ ДЕТЕ ВО ХАМБУРГ: Повторувал една реченица – полицијата имала тешки преговори!

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗОШТО ТАТКОТО КИДНАПИРАЛ ДЕТЕ ВО ХАМБУРГ: Повторувал една реченица – полицијата имала тешки преговори!

Таткото 18 часа ја држел ќерка си како заложник во автомобил ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗОШТО ТАТКОТО ГО киднапирал ДЕТЕТО ВО ХАМБУРГ: Се огласи локалната полиција по заложничката драма на аеродромот

Човекот кој со својот автомобил помина низ оградата на аеродромот во Хамбург и ја држеше ќерка си како заложник по преговори е уапсен, а девојката не е повредена. Како што јави Би-Би-Си, властите веруваат дека овој настан се случил по конфликт меѓу таткото и мајката на девојчето, за тоа кој ќе го воспитува и дека киднапирањето дошло по таа дискусија.

Мајката на детето синоќа ги известила итните служби и полицијата дека е однесена нивната четиригодишна ќерка. Портпаролката на полицијата во Хамбург, Сандра Левгруен, претходно денеска изјави дека мажот не се согласува со некои од одлуките на властите во врска со договорот за тоа кој ќе биде одговорен за воспитувањето на детето, па затоа сакал да отпатува во Турција со детето. Како што додава портпаролката, тој постојано повторувал „дека неговиот живот е куп шут“.

Мажот и неговата ќерка, која ја држел како заложник на аеродромот, го напуштиле автомобилот со кој осомничениот претходно ја пробил безбедносната бариера на северната капија на аеродромот.

Осомничениот по преговори е уапсен и не давал отпор, соопшти полицијата, додавајќи дека девојката не е повредена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни