Свет

Уште го држат киднапиран! Играч на Ливерпул постигна гол, па го подигна дресот од кој „вреска“ потресна порака!

Уште го држат киднапиран! Играч на Ливерпул постигна гол, па го подигна дресот од кој „вреска“ потресна порака!

Фудбалерите на Лутон и Ливерпул одиграа 1:1 вечерва во натпреварот од 11. коло на англиската Премиер лига.

Лутон поведе во 80. минута со голот на Тахит Чонга во 80. минута, а бод за Ливерпул донесе колумбискиот репрезентативец Луис Диас во петтата минута од судиското надополнување.

Дијаз во игра влезе во 83. минута.

По постигнатиот гол тој под дресот покажа маица на која пишуваше: „Ослободете го татко ми“.

Родителите на фудбалерот на Ливерпул биле киднапирани пред осум дена во Колумбија додека се враќале дома кога биле пресретнати од вооружени напаѓачи на мотори.

Колумбиската полиција веднаш ја пронашла мајката на Луис Дијаз, но се уште трага по неговиот татко Луис Мануел.

Ливерпул е на третото место на табелата во Премиер лигата со 24 бодови, а во следното коло на домашен терен го пречекува Брентфорд.

Лутон моментално е на 17. позиција со шест бодови, а во следното коло од Премиер лигата ќе му гостува на Манчестер Јунајтед.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни