Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди западна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 45 километри од Анталија, а се случил на длабочина од 101 километар, соопшти EMSC.
Ова е трет земјотрес во западниот дел на Турција во последните 56 часа, додава EMSC.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.