4NEWS.mk

Сообраќајна несреќа во Аеродром: „Пежо“ со 80km/h удри во мало девојче на пешачки премин

Автомобил Пежо со скопски таблички удрил во мало девојче, дознава Курир од очевидци на лице место.

Несреќата се случила во близина на трговскиот центар „Скопјанка“ помеѓу улиците Јане Сандански и Владимир Комаров во Аеродром.

ОД МВР потврдиле дека имаат пријава за удрен пешак, но детали најавуваат за подоцна во текот на денот.

Очевидци изјавиле дека девојчето поминувала на пешачки премин, додека возачот прелетал со околу 80 km на час.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни