Балкан

Од хрватската граница е вратен уште еден производ поради нелегален пестицид

Од хрватската граница е вратен уште еден производ поради нелегален пестицид

Системот за брзо предупредување за безбедност на храна (RASFF) на Европската унија објави дека пронашол пестицид во друг производ.

РАСФФ објави дека штетниот хлорпирифос бил откриен во белиот грав произведен во Египет. Производот не завршил на полиците на хрватските продавници бидејќи бил запрен и проверен на граница.

Пратката била задржана на граничната контрола, а потоа вратена, јавува Н1 Загреб.

Овој забранет пестицид претходно беше откриен и во мандарини. Хлорпирифос беше целосно забранет на територијата на Европската унија, па затоа и во Хрватска, во април 2020 година. Бројни студии покажаа дека изложеноста на овој пестицид може да влијае на невролошкиот развој на децата, како и дека може да го оштети нероденото бебе.

Студиите и епидемиолошките наоди го поврзуваат со нарушувања во развојот на мозокот, хиперактивност, ретардација на растот и намалена интелигенција, според одлуката на Европската комисија да ја забрани неговата употреба.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни