Балкан

ХРВАТ ОСОМНИЧЕН ЗА ТЕШКИ ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА: Страшни ѕверства врз муслиманите во Мостар и околината

ХРВАТ ОСОМНИЧЕН ЗА ТЕШКИ ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА: Страшни ѕверства врз муслиманите во Мостар и околината

ОБВИНИТЕЛСТВОТО во Сплит по спроведена истрага поднесе обвинителен акт против 60-годишен хрватски државјанин кој е обвинет за воени злосторства врз цивилното население во Мостар и неговата околина во текот на 1993 година.

Осомничениот се товари дека од почетокот на мај до крајот на 1993 година, за време на конфликтот меѓу Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) и т.н. Армијата на Босна и Херцеговина како командант на вод го нападна муслиманското цивилно население во Мостар и неговата околина.

Обвинителството прецизира дека 60-годишникот е обвинет за учество, заедно со закани и понижување, во физичко малтретирање, тепање и убивање на затвореници во логорот, како и за учество во протерување, апсење и носење цивили во логорите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни