Бизарната приказна за британскиот патник кој се качи на Боинг 787 ја пренесоа бројни медиуми, а се испостави дека има едноставно објаснување.
Сето тоа се случило за време на летот за Индија на 5 февруари, кога Дејвид Паркер (62) погледнал низ прозорецот и сфатил дека крилото е залепено со сребрена лента.
Сум летал низ целиот свет, но вакво нешто никогаш не сум видел“, изјави Паркер, кој беше придружуван од неговата свршеница.
Тој ја известил својата избраничка за необичното откритие, а таа возвратила: „Посакувам да не ми го покажеше“.
Фотографиите се појавија на социјалните мрежи, а сцената навистина делува збунувачки, пишува New York Post.
Компанијата Боинг веднаш објави дека се работи за таканаречена лента за брзина, која е совршено безбедна за употреба во авиони.
Airplane passenger shocked by ‘gaffer tape’ all over Boeing 787 wing: ‘What the hell!?’ https://t.co/2f7a7VFXYz pic.twitter.com/8gZmC78Vee
— New York Post (@nypost) February 7, 2024
„Тоа е материјал одобрен од Федералната управа за воздухопловство (FAA) за привремени поправки“, појаснуваат тие.
Во овој случај, лентата најверојатно се користела за решавање на проблемите со адхезијата на бојата што ги мачеле моделите 787 претходно.
Селотејп се користи за да се спречи лупење на бојата, а не да се држат лабави делови. Тоа е привремено решение, пред да се нанесе нов слој.
„Структурниот интегритет на авионот е недопрен и утврдено е дека нема проблеми со безбедноста на летот“, изјави претставникот на компанијата.