Свет

Белата куќа: Џил Бајден ќе ја предводи претседателската делегација на Олимписките игри во Париз

Белата куќа: Џил Бајден ќе ја предводи претседателската делегација на Олимписките игри во Париз

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Џил Бајден, ќе ја предводи претседателската делегација на Олимписките игри во Париз, потврдија денес од Белата куќа.

Како што се наведува, ова ќе биде прво појавување на првата дама во јавноста, откако нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден и официјално ја повлече претседателската кандидатура за претстојните избори.

Медиумите објавија дека во Париз кружат гласини дека првата дама би можела да се повлече во последен момент и дека на нејзино место може да дојде потпретседателката Камала Харис, чиј сопруг Даглас Емхоф ќе ја предводи делегацијата на церемонијата на затворање на Олимписките игри.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни