Свет

Запленети четири тони кокаин, уапсени осум лица во Барселона

Запленети четири тони кокаин, уапсени осум лица во Барселона

Четири тони кокаин скриени во вреќи со ориз се запленети во пристаништето во Барселона, што е најголемата заплена досега во тоа шпанско пристаниште, соопшти денес шпанската полиција.

За време на рацијата уапсени се осум лица, меѓу кои и шеф на шпанска компанија чие име не се споменува во соопштението, а уапсени сè уште две лица, меѓу кои и шефот на мрежата во Парагвај, наведува полицијата, пренесува Фигаро.

Акцијата е резултат на меѓународна истрага покрената минатата година, чија цел била шпанска компанија која увезувала ориз од Парагвај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни