Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Украина многу смета на поддршката на Соединетите Американски Држави за планот за победа на Украина во војната.
„Активно се подготвуваме за преговори во Америка, со американскиот претседател Џозеф Бајден, претставници на двете партии во Конгресот, сметаме на средби со двајцата кандидати за претседател на Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање до нацијата, пренесува Укринформ.
Тој нагласи дека „ние во Украина секогаш ќе ѝ бидеме благодарни на Америка за поддршката на нашата независност – за сета помош дадена за Украина да може да ја издржи оваа војна“.