Најмалку 11 луѓе загинаа кога цистерна со гориво експлодираше покрај автопатот во Уганда, соопшти полицијата.
Меѓу загинатите во вчерашниот инцидент се и две деца, пренесува АП.
Камионот се превртел во сообраќајна несреќа и подоцна експлодирал недалеку од главниот град Кампала, рече портпаролот на полицијата Патрик Онјанго.