Најмалку една особа починала, а десет лица хоспитализирани поради инфекција со бактеријата ешерихија коли во десет американски држави, откако јаделе во рестораните на Мекдоналдс.
Случаите се поврзани со хамбургерот “Квартер Паунер” (Quarter Pounder) од ресторанот за брза храна Мекдоналдс, соопштија официјални лица од Центарот за контрола на болести и зарази (CDC), пренесува Гласот на Америка.
Во Колорадо починала една постара личност, а меѓу хоспитализираните е и едно дете.