Свет

Голема трагедија во САД: Бебе застрелано од тригодишно дете

Голема трагедија во САД: Бебе застрелано од тригодишно дете

Голема трагедија се случи во понеделникот во САД, каде тригодишно дете случајно усмрти десетмесечно бебе. Имено, детето пукало од наполнет пиштол на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.

„Бебето беше застрелано и убиено од мало дете кое зело наполнет пиштол додека биле во паркиран автомобил и го повлекол чкрапалото“, соопшти полицијата, пренесува ABC.

Началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус изјави дека во возилото имало жена и три деца. Во задниот дел на возилото имало деца на возраст од 3 и 2 години и 10-месечно бебе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни