Свет

Трагедија во Германија: Возач покосил мајка и нејзините две деца на тротоар

Трагедија во Германија: Возач покосил мајка и нејзините две деца на тротоар

Триесетдеветгодишна мајка и нејзините два сина, на возраст од три и шест години, загинале во страшна трагична несреќа кога возач на автомобил одеднаш скренал на тротоарот и ги усмртил во германскиот Баден-Виртемберг.

Според информации на Феникс магазин, полицијата објавила дека 53-годишниот возач бил во Ауди Q3, а несреќата се случила на раскрсницата во Еслинген-Вајл нешто по 17 часот.

Според најновите информации, возачот ја изгубил контролата над возилото и удрил во семејството.

„Одеднаш изгубил контрола и скренал десно од патот. Поминал преку тротоарот и завршил на тротоарот, каде во тој момент шетала 39-годишната жена со своите две деца“, изјавил портпаролот на полицијата.

Семејството загинало на местото на несреќата од сериозни телесни повреди. Некои сведоци побарале психологшка помош. Возачот на Аудито бил повреден и однесен во болница.

Во несреќата биле оштетени и други возила, а сигнализацијата не била во функција.

Во болница бил однесен и возачот на Фордот со кој, наводно, се судрил Аудито.

Полицијата во овој случај побарала помош од граѓаните и ги повикала сведоците да се јават.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни