Свет

ВИДЕО: Кошаркарите за малку ќе урнеле авион, пилотот морал принудно да слета поради тепачка

ВИДЕО: Кошаркарите за малку ќе урнеле авион, пилотот морал принудно да слета поради тепачка

Голема трагедија избегнала неверојатната присебност на пилотот на авионот кој ги превезувал кошаркарите на колеџот Обурн Тајгерс од американската држава Алабама, откако двајцата кошаркари се степале.

Тимот од овој град замина за Хјустон, кога најпрвин дошло до вербален конфликт, а потоа и физичка пресметка меѓу Џејки Хауард, студент во прва година и Хадсон, апсолвент.

Откако се степале малку по полетувањето, пилотот ја повикал контролата на летање и побарал дозвола да се врати на аеродромот.

„Имаме кошаркари кои се борат.

Откако бил замолен да го повтори она што го кажал и степенот на опасност, пилотот ја објаснил ситуацијата и во таа прилика посочил дека „дошло до физички конфликт“ и дека „облеката е искината“.

„Кабината е безбедна. Заканата засега е задржана, но имавме… Полицијата ќе ја имаме на терен, а имавме двајца кошаркари кои се степаа, кинеа алишта. Тоа е лудо“, рекол пилотот.

За среќа, ситуацијата се смирила, а пилотот успеал да слета 40-тина минути по полетувањето.

Недолго потоа беше објавено дека овие двајца кошаркари ги нема во другиот авион кој го однесе остатокот од тимот во Тексас, каде победија со 74:69 против Хјустон Кугарс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни