Свет

Нетанјаху призна дека дал зелено светло за нападот на пејџер

Нетанјаху призна дека дал зелено светло за нападот на пејџер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за прв пат призна дека дал зелено светло за напад на пејџерите на либанското движење Хезболах во септември, изјави денеска за AFP портпаролот на Нетанјаху, Омер Достри.

Говорејќи за време на состанокот на владата во неделата, Нетанјаху рече дека ја овластил операцијата, за која сè уште никој не ја презел одговорноста, рече Достри, потврдувајќи ги извештаите на израелските медиуми.

Уредите за пренос на информации – пејџери и воки-токи, користени од членовите на Хезболах, експлодираа на 17 и 18 септември во јужните предградија на Бејрут и во јужниот и источниот дел на Либан, упориштето на исламистичкото движење.

Во тие експлозии загинаа 39, а беа повредени околу 3.000 луѓе, објавија либанските власти.

Иако операцијата можеби наликуваше на активностите на израелската разузнавачка служба Мосад, израелските власти никогаш отворено не ја презедоа одговорноста за нападите ниту ја споменаа.

Како поддршка на палестинскиот Хамас во Појасот Газа, Хезболах отвори фронт против Израел на 8 октомври 2023 година, секојдневно пукајќи кон израелската територија од јужен Либан.

На 23 септември оваа година, овие непријателства се претворија во отворена војна со интензивни израелски напади, главно против упоришта на либанското движење.

На 30 септември израелската армија започна копнена офанзива во Либан.

Повеќе од 2.700 луѓе се убиени во Либан од 23 септември, од кои повеќето цивили, соопшти либанското Министерство за здравство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни