Свет

ВИДЕО Проблем пред Дејвис купот: Страшни поплави во Шпанија одложија важен натпревар

ВИДЕО Проблем пред Дејвис купот: Страшни поплави во Шпанија одложија важен натпревар

Дуелот меѓу Шпанија и Полска од Купот Били Џин Кинг, кој требаше да се игра во Малага, беше одложен за петок поради лошите временски услови во Шпанија.

Две недели по катастрофалните поплави во источна Шпанија, неколку области ширум земјата се повторно под предупредување, а силен дожд паѓа во Малага.

„Одлуката за одложување е донесена врз основа на насоките на надлежните органи со цел да се обезбеди здравјето и безбедноста на сите учесници. Се извинуваме за непријатностите и го цениме вашето разбирање и соработка“, се вели во соопштението на Меѓународната тениска федерација.

Како што соопштија организаторите на Били Џин Кинг купот, дуелот од првото коло меѓу Шпанија и Полска се игра во петок од 10 часот.

Исто така, ова може да биде голем проблем и за финалето на Дејвис купот, кое е закажано за 19 ноември во Малага.

Тоа ќе биде и местото каде што ќе го одигра својот последен меч Рафаел Надал, легендарниот шпански тенисер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни