Свет

Пронајдена актерката од серијата „Озборувачка“ која се бараше две недели: Полицијата ја соопшти нејзината состојба

Пронајдена актерката од серијата „Озборувачка“ која се бараше две недели: Полицијата ја соопшти нејзината состојба

Актерката Шанел Маја Бенкс е пронајдена откако нејзиното семејство пријавило дека исчезнала.

Шанел Маја Бенкс е пронајдена жива и здрава откако била исчезната две недели.

Според Дејли Мејл, полицијата соопштила дека актерката сега е безбедна и нема никакви повреди.

Потсетуваме, Шанел исчезна во Лос Анџелес откако наеднаш го прекина контактот со сите членови на своето семејство. Таа на 30 октомври испратила порака до својата братучетка и тогаш и се губи секаква трага.

Цело време ја барале членовите на семејството, а тврделе и дека нејзиниот сопруг не сакал да соработува со полицијата.

Бенкс е најпозната по улогата на Соер Бенет во ТВ серијата Gossip Girl.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни