4NEWS.mk

Куманово доби нов Ургентен центар

Околу 200 илјади жители од кумановскиот регион добија нов Ургентен центар. Речиси половина Влада со премиерот беа на отворањето на објектот.
 
Тој е целисно опремен и овде според директорката на кумановската болница, пациентите ќе добиваат хируршки, ортопедски и анестезеолошки третман. На едно место ќе има тријажа и дневна болница, а министерот за здравство најави и набавка на апарат за компјутерска томографија. 
 
Надлежните велат дека со новите вработувања за 10 проценти е зголемен кадарот а биле доделени и 12 специјализации на лекари.
 
 
Сања Димитровска 
 
 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни