Доналд Трамп им го коментираше на новинарите нападот на украинскиот град Суми. Тој рече дека бил информиран дека рускиот напад во неделата бил „грешка“. Сепак, американскиот претседател не прецизираше кој го информирал за оваа работа.
Потсетуваме дека две руски балистички проектили го погодија центарот на северниот украински град, при што загинаа 34 лица. Уште 117 се повредени во најсмртоносниот напад во Украина оваа година.