Македонија

Кој ќе не лекува? Се повеќе медицински сестри среќата ја бараат надвор од Македонија!

Кој ќе не лекува? Се повеќе медицински сестри среќата ја бараат надвор од Македонија!

Годинава повторно е актуелизиран проблемот со одлив на здравствен кадар од Македонија.

Според информациите од Здружението на медицински сестри „За нас“, во текот на минатата година дури 2000 медицински сестри ја напуштиле Македонија и заминале кон европските држави каде трагаат по подобри услови за работа.

Причини за ова масовно иселување секако се ниските примања во државата, но и недостатокот за можности за унапредување, долгото работно време како и големата одговорност.

Очекувањата се дека оваа бројка ќе продолжи да расте, па од тука е и прашањето кој ќе остане во Македонија за да не лекува?

Од ова здружение постојано алармираат за итни и конкретни мерки, бидејќи како што порачуваат оваа служба се соочува со ризик од колапс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни