Македонија

На новороденче старо само два дена му отсекле дел од палецот при вадење инфузија на ГАК

На новороденче старо само два дена му отсекле дел од палецот при вадење инфузија на ГАК

Инцидент со новороденче старо само два дена е пријавен на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, откако при обид за отстранување на инфузија му бил повреден палецот. Настанот се случил на 16 ноември, а бебето по повредата било итно префрлено на Клиниката за детска хирургија.

Според информациите за случајот, медицинскиот персонал се обидувал да ја отстрани инфузијата, која била фиксирана со леплива лента и завој. При употреба на ножици, ненамерно бил зафатен и пресечен дел од палецот на новороденчето.

Веднаш по инцидентот бил повикан детски хирург, по што бебето било транспортирано на Клиниката за детска хирургија, каде што му бил извршен оперативен зафат.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство го потврдија настанот и информираа дека тој бил евидентиран и пријавен како несакан настан. Случајот веќе бил разгледан и од Комисијата за квалитет.

За утврдување на околностите под кои дошло до повредата е закажан состанок на Дисциплинската комисија, која треба да ја испита и евентуалната индивидуална одговорност.

Од Клиниката порачуваат дека нема да има толеранција за утврдени пропусти. Доколку се утврди одговорност, најавуваат преземање најстроги мерки во согласност со законските прописи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни