Македонија

Ги призна делото и вината: Осум месеци затвор и 3.300 евра за палењето на дипломатските автомобили на Бугарската амбасада во Скопје

Ги призна делото и вината: Осум месеци затвор и 3.300 евра за палењето на дипломатските автомобили на Бугарската амбасада во Скопје
Фото: 4news.mk

Осуммесечна затворска казна и парична обврска од 3.300 евра му се изречени на Игор Дашковски Стојановски (44), кој ги запали двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје.

Тој беше прогласен за виновен за кривичното дело загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита, откако пред судот ја призна вината. На рочиштето изјавил дека сам донел одлука да ги полие автомобилите со бензин и да ги запали.

Настанот се случи на 15 јуни годинава, околу 12:05 часот, пред Амбасадата на Бугарија на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Според обвинението, Дашковски Стојановски ги полеал двете дипломатски возила со бензин, ги запалил, а потоа го напуштил местото на настанот.

Тој се наоѓаше во притвор од денот на инцидентот, 15 јуни, а времето поминато во притвор ќе му биде пресметано во изречената затворска казна.

Дополнително, треба да ја надомести и причинетата материјална штета на амбасадата, која изнесува околу 3.300 евра.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни