Македонија

Кривични пријави против тројца скопјани за полов напад врз малолетни лица

Кривични пријави против тројца скопјани за полов напад врз малолетни лица

Три кривични пријави за сомнеж за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ поднел Секторот за внатрешни работи Скопје против тројца мажи од главниот град. Случаите се однесуваат на два одделни настани, регистрирани во февруари 2026 и јули 2025 година.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во првиот случај пријава е поднесена против 49-годишниот П.Н. од Скопје. Постои сомнение дека во февруари годинава извршил полови дејствија врз малолетно лице.

Во вториот случај, пријавени се двајца скопјани, 47-годишниот П.Н. и 62-годишниот А.Т. Според полициските информации, тие се сомничат дека во текот на јули 2025 година извршиле полови дејствија врз малолетно лице.

Од СВР Скопје информираат дека за двата настана се поднесени соодветни кривични пријави. Понатамошното постапување е во надлежност на институциите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни