Колумбиски фармер од регионот Антиокија пронашол 600 милиони долари во готовина закопани на својата фарма додека извршувал земјоделски работи.
Како што пренесуваат колумбиските медиуми, парите би можеле да имаат врска со покојниот нарко-бос Пабло Ескобар.
Фармерот, кој од безбедносни причини сакал да остане анонимен, при обработка на имотот открил неколку за’рѓани метални буриња закопани повеќе од еден метар под земја, во кои имало стотици банкноти, најмногу американски долари, кои биле совршено сочувани, пренесува шпанската „Марка“.
Колумбиските власти, откако биле известени за откритието, покренале истрага за да го утврдат точното потекло на парите.
Според првичните претпоставки, парите би можеле да бидат дел од скриените складишта што картелот Меделин ги користел во 1980-тите и 1990-тите за чување огромни количини готовина, кои не било можно лесно да се легализираат или префрлат.
Ова не е првпат да бидат пронајдени пари што му припаѓале на Пабло Ескобар.
На врвот на својата моќ, самиот нарко-бос имал големи суми пари скриени по фарми и во џунглата. Многу од тие резерви биле заборавени по неговата смрт во 1993 година.
Откритието повторно го разбуди интересот за легендарното „богатство на Пабло Ескобар“, но истовремено предизвика и загриженост за безбедноста на фармерот и неговото семејство.
Владата на Колумбија разгледува дали да ги запленето 600-те милиони долари и да му додели награда на фармерот.