Свет

Калас: Новиот пакет санкции против Москва треба да биде готов до следниот месец

Калас: Новиот пакет санкции против Москва треба да биде готов до следниот месец

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ ќе продолжи да врши притисок врз воената економија на Русија и дека следниот пакет санкции против Москва треба да биде готов до следниот месец.

Таа го изјави ова по виртуелниот самит на Европскиот совет за војната во Украина, еден ден по вонредниот самит на украинските и неколку лидери на ЕУ со претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во Вашингтон, пренесува Ројтерс.

Калас изјави дека „единството меѓу лидерите на ЕУ на денешниот виртуелен самит беше опипливо“ и дека темите за безбедноста на Украина и санкциите кон Русија ги ставила на врвот на агендата за разговорите следната недела меѓу министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни