Свет

Трамп го откажа одморот во Бедминстер поради преговорите меѓу Украина и Русија

Трамп го откажа одморот во Бедминстер поради преговорите меѓу Украина и Русија

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го откажа планираниот одмор во август во неговото одморалиште во Бедминстер, Њу Џерси, за да престојува во Белата куќа и да работи на преговори за завршување на војната меѓу Украина и Русија, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

Трамп ја разгледал можноста да ги следи мировните иницијативи од Бедминстер, но одлучил да остане во Вашингтон за да ги интензивира дипломатските активности, пишува весникот „The Hill“.

„Ова е обично време кога претседателот оди на одмор, но не и овој претседател. Тој е човек на мисија. Тој сака да се движи. Да ги заврши работите брзо“, рече Левит.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни