Свет

Трамп по распоредувањето на Националната гарда во Вашингтон: Сега сите се безбедни

Трамп по распоредувањето на Националната гарда во Вашингтон: Сега сите се безбедни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на посетата на командниот центар во Вашингтон за припадниците на полицијата, Националната гарда и федералните агенти кои ја спроведуваат неговата акција за борба против криминалот во главниот град на Соединетите Американски Држави, дека неговите напори водат до пад на криминалот.

„Како друго место е. Сега сите се безбедни. Ќе го имаме најдобриот главен град досега“, рече Трамп во објектот во Аноксија, кој служи како седиште за југоисточниот дел на Вашингтон, објави Ројтерс денес.

Трамп минатата недела распореди војници на Националната гарда и федерални агенти во Вашингтон, велејќи дека привремено ја презема градската полициска станица поради бран насилни злосторства, обвинение што градските власти го негираа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни