Свет

Путин: Односите со САД се лоши, но поради Трамп има светлина на крајот од тунелот

Путин: Односите со САД се лоши, но поради Трамп има светлина на крајот од тунелот

Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, нарекувајќи го „значаен и искрен“.

„Што се однесува до нашите односи со САД, тие се на исклучително ниско ниво, тоа го кажав многу пати, но со доаѓањето на претседателот Трамп, мислам дека светлината на крајот од тунелот конечно почна да се појавува“, рече Путин.

Тој додаде дека контактите меѓу Москва и Вашингтон продолжуваат на ниво на министерства и компании, а првите чекори што треба да се преземат треба да бидат почеток на целосно обновување на односите.

„Планираме да го одржиме тоа темпо на работа, но резултатот зависи пред сè од западните партнери“, нагласи рускиот претседател.

Путин, исто така, ги пофали лидерските квалитети на Трамп, истакнувајќи дека ги гледа како „добра гаранција за обновување на односите меѓу Русија и САД“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни