Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес по повод Денот на независноста изјави дека Украинците го слават овој ден со верба во иднината, градејќи земја која ќе има доволно сила да живее во безбедност и мир.
Зборувајќи од Плоштадот на независноста во Киев, тој додаде дека секој симбол на тоа место зборува за независноста на Украина.
„На овој плоштад, под нашите знамиња, нашите деца и внуци го слават Денот на независноста. Во мир и со почит, со верба во иднината и со благодарност до сите оние кои ја бранеа Украина во оваа војна за независност, кои се кренаа и победија“, рече Зеленски, објави Укринформ.
Зеленски: Го славиме Денот на независноста на Украина со верба во иднината