Мајка и очув од Оклахома се соочуваат со тешки обвиненија за занемарување на дете, откако нивната 11-годишна ќерка се породила дома во Маскоги на 16 август, пренесува „Унилад“.
Обвинетите, Дастин Вокер (34) и Чери Вокер (33), според обвинителството, не обезбедиле медицинска грижа ниту надзор за девојчето, кое било во 36-та недела од бременоста. Според судските документи, таа не посетила лекар повеќе од една година, а бременоста поминала без никаков медицински третман. По породувањето, девојчето било итно пренесено во болница.
„Ова дете е трауматизирано и поминало низ исклучително тешко искуство,“ изјави помошничката окружна обвинителка Џенет Хатсон за KOTV. „Не само што забремени на таа возраст, туку и се породила сама, без медицинска помош. Тоа ќе остави длабоки последици.“
Хатсон истакна дека постои сомнеж и дека децата во семејството биле школувани дома. Сите малолетни деца се одземени од родителите. Нивната баба, Мишел, изјави дека семејството не било свесно за бременоста и ги бранеше својата ќерка и зетот.
Родителите се наоѓаат во притвор во округот Маскоги со кауција од 100.000 долари, а судењето е закажано за 3 септември. Властите чекаат резултати од тест за татковство за да се утврди кој е таткото на новороденчето.
Обвинителството потсетува јавноста дека е од клучно значење секој сомнеж за занемарување или злоупотреба на деца навремено да се пријави во полиција или во канцеларијата на окружниот обвинител.