Свет

Русин се обидел да го преплива Босфор, но исчезнал!

Русин се обидел да го преплива Босфор, но исчезнал!

Дваесет и деветгодишен руски пливач исчезна вчера за време на традиционалното годишно пливање преку Босфорскиот теснец, објави Турскиот олимписки комитет, организаторот на Босфорската интерконтинентална пливачка трка.

Рускиот пливач Николај Свечников се натпреваруваше на 37-то издание на популарната трка од 6,5 километри, која е предизвикувачка поради силните струи што течат низ теснецот помеѓу Азија и Европа. Учествуваа повеќе од 2.800 пливачи од 81 земја.

„Ја проверивме целата патека и откривме дека нема повеќе пливачи во водата“

„Тесно соработуваме со крајбрежната стража и полицијата за да го расветлиме овој инцидент“, објави Турскиот олимписки комитет (TMOK). „Трката завршува два часа откако последниот пливач ќе влезе во водата. На крајот, целата патека беше проверена и беше утврдено дека нема повеќе пливачи во водата“.

Сообраќајот на бродови и товар беше прекинат за време на трката. Босфорот го поврзува Црното Море со Мраморното Море, а преку Дарданелите со Егејското и Средоземното Море.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни