Свет

Пакистан евакуираше 150.000 луѓе, Индија предупредува на испуштање вода од браната

Пакистан евакуираше 150.000 луѓе, Индија предупредува на испуштање вода од браната

Пакистан евакуираше најмалку 150.000 луѓе од областите покрај три реки во покраината Пенџаб поради закана од поплави откако Индија предупреди дека ќе испушти вишок вода од брана, соопштија денес официјални лица.

Одлуката за евакуација дојде откако Њу Делхи испрати второ предупредување до Исламабад дека ќе испушти дел од водата од браната Мадхопур поради обилните дождови, објави Ројтерс.

Пакистанските власти соопштија дека присилните евакуации започнале минатата недела, при што илјадници жители ги напуштиле погодените области сами.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни