Свет

Зеленски: Турција и земјите од Заливот би можеле да бидат домаќини на разговори со Путин

Зеленски: Турција и земјите од Заливот би можеле да бидат домаќини на разговори со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Турција, земјите околу Персискиот Залив или европските земји би можеле да бидат домаќини на разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Сега, оваа недела ќе има контакти со Турција, контакти со земјите од Заливот и европските земји кои би можеле да бидат домаќини на разговори со Русите“, рече Зеленски во своето видео обраќање, според Ројтерс.

Тој рече дека од украинска страна „работите ќе бидат максимално подготвени за да се стави крај на војната“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни