Свет

Трамп информиран за пукањето во училиште во Минеаполис, Белата куќа ја следи ситуацијата

Трамп информиран за пукањето во училиште во Минеаполис, Белата куќа ја следи ситуацијата

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека бил информиран за пукањето во католичкото училиште во јужен Минеаполис, додавајќи дека ќе продолжи да ја следи „ужасната ситуација“.

„Целосно сум информиран за трагичната пукање во Минеаполис, Минесота. ФБИ брзо реагираше и е на местото на настанот. Белата куќа ќе продолжи да ја следи оваа ужасна ситуација. Ве молам, придружете ми се во молитвата за сите тие луѓе!“, напиша Трамп во објава на Truth Social.

Трамп утрово разговараше по телефон со гувернерот на Минесота, Тим Волц, изјави функционер на Белата куќа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни