Едногодишно дете е повредено во руски напад со беспилотни летала врз селото Малокатериновка во Запорожје, објави Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Едногодишно дете е повредено како резултат на рускиот напад врз Запорожје. Непријателот го нападна селото Малокатериновка 4 пати“, рече Федоров на Телеграм, пренесува Укринформ.
Руските војници го гранатираа Херсонскиот округ Дњепарк синоќа околу 23 часот, при што беа повредени три лица, објави воената администрација на Херсон на Телеграм.
Едногодишно дете е повредено во рускиот напад врз Запорожје