Шпанската министерка за млади и деца, Сира Рего, денес прогласи вонредна состојба за мигрантите на Канарските Острови и во градовите Сеута и Мелиља, откако локалните власти го побараа тоа поради преоптоварениот капацитет за прием на малолетни мигранти.
Локалните власти на овие три области побараа трансфер на малолетни мигранти, а Советот на министри го одобри тоа, објави EFE.
Според извештаите, прифатните центри на Канарските Острови и во Сеута и Мелиља сместуваат три пати повеќе мигранти отколку што предвидува капацитетот, и како резултат на тоа, голем број малолетници се префрлени во центри во други региони.