Свет

Трамп блокираше 4,9 милијарди долари странска помош претходно одобрена од Конгресот

Трамп блокираше 4,9 милијарди долари странска помош претходно одобрена од Конгресот

Во писмо испратено во четвртокот, а објавено денеска до републиканскиот претседател на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека нема да одобри 4,9 милијарди долари за странска помош што претходно ја одобри Конгресот.

Потегот на Трамп се заснова на механизам кој не е користен речиси 50 години, кога претседателот поднесува барање до Конгресот да не се потрошат одобрените средства кон крајот на фискалната година, за Конгресот да не може да реагира на барањето во рок од 45 дена, а парите како резултат на тоа остануваат непотрошени.

Таков потег, доколку Белата куќа го стандардизира, би можел ефикасно да го заобиколи Конгресот во клучни прашања за трошењето и потенцијално да ја преземе контролата врз расходите од Претставничкиот дом и Сенатот.

Одлуката на претседателот Доналд Трамп да поништи речиси пет милијарди долари за странска помош без одобрување од Конгресот ги разгневи демократите, што доведе до судир околу финансирањето во пресрет на потенцијалната блокада на владата кон крајот на септември.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, кој беше клучен за спречување на блокадата на владата во март, изјави во соопштение дека потегот на Трамп е знак дека републиканците нема да соработуваат за да се усвои уште еден пакет за финансирање во наредните недели.

Републиканците го контролираат двата дома на Конгресот, но ќе им бидат потребни гласовите на некои демократи за да го достигнат прагот од 60 гласови во Сенатот.

Шумер и лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, ги повикаа републиканските лидери да се сретнат со нив за да разговараат за пакетот за финансирање, но велат дека тие досега одбиле.

Вообичаено, укинувањето на финансирањето мора да биде одобрено од Конгресот, но бидејќи ова барање за укинување е поднесено толку блиску до крајот на фискалната година, Конгресот нема време да дејствува во рокот од 45 дена што му е даден со закон за да го прифати или одбие барањето.

Канцеларијата за одговорност на Владата на САД, која дејствува како надзорен орган на Конгресот, веќе реагираше, изјавувајќи дека таквиот потег е незаконски. Во суштина, тоа му овозможува на претседателот да ја поткопа уставната моќ на Конгресот врз државните средства.

Но Белата куќа сепак го направи тоа, што доведе до судир со законодавците додека се обидуваат да осмислат пакет за финансирање во наредните недели.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни