Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Москва го искористила времето за да се подготви за состанокот на лидерите на двете земји за да започне нови масовни напади врз Украина.
„Единствениот начин повторно да се отвори прозорецот на можности за дипломатија е преку остри мерки против сите оние кои ја финансираат руската армија и ефикасни санкции против самата Москва – банкарски и енергетски санкции“, рече Зеленски во објава на платформата X.
Во најновиот руски напад врз украински Запорожје, едно лице е убиено, а најмалку 24 се повредени, меѓу кои и три деца, објави канцеларијата на регионалниот гувернер порано денес, пренесува Ројтерс.
Зеленски: Москва го искористи времето за подготовка на состанокот на лидерите за да изврши напади