Свет

Захарова: Русија продолжува да укажува на кршење на човековите права во Украина

Захарова: Русија продолжува да укажува на кршење на човековите права во Украина

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека Москва, и покрај тоа што не добила одговори од меѓународните организации за кршењето на човековите права во Украина, продолжува „упорно да бара реакција“.

„Редовно го поставуваме ова прашање за кршењето на човековите права во Украина на разни меѓународни форуми, вклучувајќи ги ОН, ОБСЕ и други. Укажуваме на систематското кршење на човековите права од страна на режимот на Зеленски и упатуваме соодветни барања до надлежните извршни тела“, рече Захарова, пренесува ТАСС.

Таа истакна дека Русија не добива „соодветна реакција“ на укажувањето на кршењето на човековите права, но дека ќе продолжи да дејствува по ова прашање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни