Свет

Зеленски: Русија акумулира сè повеќе војници на фронтот

Зеленски: Русија акумулира сè повеќе војници на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека рускиот претседател вели дека не е виновен за војната во Украина, додека во исто време ги зајакнува силите на фронтот.

„Деновиве во Кина, Путин продолжува да ги раскажува своите приказни, како да не е виновен за војната. Како некој постојано да го „присилува“ да се бори, да убива, да ги присилува децата во засолништа, да испраќа илјадници луѓе да ги напаѓаат нашите позиции. А сега гледаме уште едно зголемување на руските сили во некои делови од фронтот“, рече Зеленски во вечерното видеообраќање, како што објави порталот РБК Украина.

Зеленски додаде дека денес добил неколку извештаи од воени претставници, особено од командантот на Воздухопловните сили во врска со соборувањето на беспилотни летала.

„Руската ароганција станува сè поголема – тие ја напаѓаат Украина сè почесто во текот на денот со десетици дронови за напад. Синоќа имаше 150 дронови, наутро – повеќе од 50, навечер – уште десетици, а повеќето од нив се „шахедии“, нагласи тој.

Тој истакна дека, всушност, „групите непријателски беспилотни летала на украинското небо се порака како продолжение на руските изјави од Кина“, пренесува Танјуг.

Според него, Русија „очигледно игнорира“ сè што светот прави за да ја заврши војната, а Путин не сака на никаков начин да „наметнува мир“.

„Русија продолжува да напаѓа. Секако, ние ќе одговориме на ова. Особено, ќе одговориме асиметрично, така што Русија дефинитивно ќе ги почувствува последиците од својата дрскост“, рече Зеленски.

За време на посетата на Кина, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија „никогаш немала, нема и никогаш нема да има желба да нападне никого“.

„Секој човек со здрав разум совршено добро разбира дека Русија нема да нападне никого“, рече Путин за време на средбата со словачкиот премиер Роберт Фиц.

Тој, исто така, изјави дека причината за војната е тоа што „Москва била принудена да ги заштити луѓето чија судбина е поврзана со Русија“.

„Руската Федерација никогаш немала ништо против членството на Украина во ЕУ, но НАТО е друго прашање“, заклучи Путин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни